15 лекции за љубовта и врските

In Живот
  1. Ако тој изневерувал со вас, ќе ве изневери и вас. Ако ја изневерил својата претходна девојка со вас, не очекувајте тој одеднаш да стане верен во врската со вас.
  2. Лажговците не се менуваат. Само стануваат подобри во лажењето.
  3. Само затоа што не се карате, не значи дека сте во добра врска.
  4. Насилството не е љубов. Не е важно дали е физичко, психичко или сексуално, тоа не е љубов. Ако боли, не е љубов. Ако бара од вас да се пријавувате што правите секој час од денот, тоа не е љубов. Ако се испијани и се изживува со вас, тоа не е љубов.
  5. Врската не треба да прави да се чувствувате мизерно. Таа треба да ве расположува и да прави да се чувствувате неверојатно.
  6. Ако сте сингл, тоа не значи дека сте осамени. Ако сте во врска, тоа не значи дека сте среќни.
  7. Ако некој ве изневерил, не се мачете да му дадете втора шанса. Довербата никогаш не се враќа.
  8. Понекогаш кога две личности растат заедно, тие може да растат и различно и да прераснат во сосема различни личности и тоа е во ред. Вашиот партнер може да се претвори во различна личност со различни цели од личноста која беше на почетокот на врската. Нема ништо лошо во тоа и нема ништо лошо во тоа да ја прекинете врската поради тоа.
  9. Состанувајте се со некој во кого сте лудо вљубени наместо да влезете во врска, надевајќи се дека чувствата некогаш ќе се појават. Ако привлечноста не постои, не можете да ја создадете насила.
  10. Стравот да останете сами е многу полош одошто навистина да бидете сами.
  11. Никогаш не се задоволувајте со некој кој не ве цени вистински. Никогаш нема да бидете среќни ниту вие, ниту тој. Можете да ја пронајдете љубовта повеќе од еднаш. Заминете си порано.
  12. Не можете да бидете одговорни за туѓата среќа. Можете да помогнете, да пружите поддршка, да направите сè што можете, но не можете да чувствувате одговорност дека треба да усреќувате некого.
  13. Ако ја започнете врската со лажна маска на лицето и криење на делови од себе кои сметате дека нема да му се допаднат на партнерот, паѓате во стапица и никогаш нема да можете да бидете она што сте. Ќе следат солзи. Направете си услуга и уште на почетокот кажете ги нештата кои се плашите да ги признаете.
  14. Неговото ментално здравје не треба да биде изговор за да бидете со него. Понекогаш, едноставно треба да прифатите дека не сте одговорни за туѓото здравје. Не можете да поправите нечие ментално здравје, тоа може да го направи тој самиот.
  15. Луѓето се она што се, не она што вие сакате да бидат. Ако сакате некого и посакувате иднина со него, не значи и дека ќе го спречите да биде токсична личност. Единствената добра опција со токсична личност е да ја држите подалеку од вашиот живот. Дури и кога боли.
  16. Слушајте ја вашата интуиција. Ако нештата не се како што треба, не ги игнорирајте или оправдувајте само затоа што некој го кажува она што сакате да го слушнете.
  17. Сосема е во ред да сакате некого и да го напуштите. Во ред е да знаете дека иако е некој прекрасен, тој не е вистинскиот за вас.
  18. Никогаш не се задоволувајте со второто место.
  19. Не го заборавајте остатокот од светот кога ќе влезете во врска. Бидејќи кога тој ќе замине, вам нема да ви остане ништо.
  20. Не можете да се принудите да сакате некого само затоа што тој вистински ве сака вас.

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!