Шведски епидемиолог: Мислам дека имавме заразени уште во ноември

In Свет

Шведскиот епидемиолог Андерс Тегнел, кој го привлече вниманието на светската јавност заради уникатниот и благ пристап на таа земја кон пандемијата на коронавирус, изјави дека во таа земја, во ноември 2019 година биле откриени лица заразени со смртоносната инфекција, Ковид- 19.

Тегнел рече дека ова се веројатно индивидуални случаи што биле откриени кај патниците кои доаѓале од Вухан.

“Немаше ширење на коронавирусот надвор од Вухан сè додека не пристигна подоцна во Европа. Сепак, мислам дека забележавме инфекција во ноември и декември кај луѓето кои патуваа од Вухан. Ова воопшто не звучи чудно, туку е сосема природно”

Коментарот на Тегнел дојде само еден ден откако француската болница која испитува стари примероци на пациенти со пневмонија откри дека лекувала маж кој имал КОВИД-19 на 27 декември, скоро еден месец пред француската влада да ги потврди своите први случаи.

Ивс Коен, шеф на реанимација во предградието на Париз, за телевизијата БФМ изјави дека научниците преиспитале примероци од 24 пациенти третирани во декември и јануари, кои биле негативни за грипот.

„Од 24 пациенти, кои ги тестиравме, имаше еден позитивен на КОВИД-19 на 27 декември“, рече Ивс Коен.

Тој додаде дека репродуктивниот фактор е под еден неколку дена, што значи дека заразено лице инфицира помалку од едно лице во просек.

„Ова значи дека епидемијата постепено ќе се намалува“, рече Тегнел за телевизијата СВТ.

Овие пофалби беа изразени и покрај фактот дека Шведска, земја со 10 и пол милиони жители, досега има заразено повеќе од 23.000, а вкупниот број на загинати е 2.854.

Тоа е повеќе од нејзините соседи, кои воведоа построги мерки за спречување на пандемијата  КОВИД-19.

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!