Христо Татарчев од Ресен: “Мислата за слобода кај македонскиот народ; Конституирање на Македонската револуционерна организација”

In Историја

Опис: Дел од спомените на д-р Христо Татарчев – “Внатрешната македонско-одринска револуционерна организациja како митолошка и реална суштина”, пишувани в Торино в периодот од 1934 до 1936 год. публикувани во  “Македонската револуционерна организација и д-р Христо Татарчев (помеѓу митот и реалноста)”, Скопје, 2017 година

“Долго време ме мачеше мислата дали не би било подобро револуционерната дејност на ВМРО во Македонија и Одринско да остане како митологија отколку како историска реалност. Митологијата би ја изразила суштината на таа епска активност – оној внатрешен мир пројавен од македонско – одринскиот бугарски народ во борбата за слобода; таа борба е всушност опкружена со мистицизам и копнежи, протест и волја на еден народ угнетуван со векови како еманација на спонтано, длабоко очувствување и будење на неговото постоење во беда и ропство и на осознавањето на неговата интелектуална и културна моќ за слободен живот.

Нашето внатрешно чувство и мисла се движеа повеќе околи општобугарскиот идеал – присоединувањето на Македонија кон Бугарија, но требаше да ставиме воденичен камен на таа култивирана мечта низ толку години кај македонскиот и слободниот бугарски народ и да вршиме реална политика. Затоа го зедовме чл. 23 како појдовен на нашата дејност…и решивме да го замениме со една попластична фигуративна популација – автономијата на Македонија во нејзините географски и етнографски граници, а тоа се внесе и во уставот на Организацијата.

Три суштествени ставови се најдоа во уставот на Револуционерната организација: цел, состав и средства. Како цел, како што е кажано погоре, се прифати автономијата на Македонија, а како член на Организацијата се допушти секој Бугарин, од кој и да е крај, да може да биде член на организацијата, откако ке се покрсти според воспоставената формула – клетва пред евангелие и кама како симбол на одговорност пред Бога и татковината, и тоа по убедување, но не и против својата волја. Тоа решение да се примаат за членови на Организацијата само Бугари ни се диктираше от суштината и карактерот на заговорот, поради што во прво време требаше да се врбуваат членови од оние средини кои беа најугнетени, интелектуално и морално издигнати, цврсти и издржливи по карактер. Во тој однос бугарскиот народ беше најсоодветен и сигурен елемент и при тоа го претставуваше мнозинството во земјата така што Револуционерната организација можеше да се потпре на него без големи ризици. Најпосле, основачите на конспирацијата произлегуваа од средината на бугарскиот народ, така што тој афинитет им беше и многу природен. Тие не се поколебаа да ги вметнат во Организацијата дури и своите родители, браќа и др. во редовите на заговорот….”

Извор: Скенирана од оригинален примерок

Автор: Родениот во град Ресен, Христо Николов Татарчев (1869-1952, Торино, Италија) е бугарски лекар и еден од основачите на ВМОРО. Учествува во Соединувањето на Бугарија во 1885 година, организирано од Бугарскиот таен централен револуционерен комитет. Се вклучува како доброволец во бугарската армија и во Српско-Бугарската војна која следи потоа. Студирал медицина во Цирих и Берлин и по дипломирањето работел како лекар Солунската бугарска машка гимназија. Служи како лекар во бугарската армија за време на Балканската, Меѓу-сојузничката и Првата светска војна.

За повеќе информации за авторот овде

За да ја прочитате книгата кликнете тука

Извор: Библиотека Струмски

 

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!