Симона Ташева: 8 начини како да го мотивирате и научете вашето аутистично дете да пишува

In Здравје & Убавина

автор: Симона Ташева, апсолвент на специјална едукација и рехабилитација

Пишувањето може да биде доста тешка и предизвикувачка ативност за сите деца, но особено предизвикувачка може да биде за децата со аутизам.

Во време на самоизолација доста е тешко да ги натерате вашите деца да пшуваат, и креираат. Родителите секогаш се чуствуваат беспомошни кога нивното дете не сака да пишува. Кај доста деца со аутизам исто така доста може да има проблем и во фокусирањето и концентрацијата на одредена задача и активност.

Но, секое дете има своја способност, и познавањето на уникатните способности на вашето дете ви дава можност на полесен и интересен начин да му го привлечето вниманието на детето додека се адаптира на самоизолацијава и да стекне понатамошно развивање на своите вештини за пишување.

Секој родител го знае најдобро своето дете и знае точно со што можи да му го одвлечи вниманието додека помине периодот на комплетна адаптација. Овде имам само дел од препораките и одредени тактитки со кој ќе ги мотивирате вашите деца со аутизам да почнаат да пишуват или да го засакат пишењето.

1. Раскажување приказна-Најдобрите писатели се страствени читатели. Читајте му на вашето дете секој ден. Можете да изберете заедничка книга или сликовница и заедно да ја читате, а потоа да ја раскажете. Кога вашите деца се мали раскажете им приказна во автомобил,канцеларија на лекар или додека шетате. Најважно е да разговарате.

2. Создадете место за пишување-Направете посебно катче за вашето дете каде тоа ќе можи да пишува.Спремајте соодветен училишен прибор според возраста за вашето дете и дозволете му тоа само да го уреди и намести. Секое дете има свое омилено катче па дозволете му на вашето дете самото да го избери и намести со ваша помош.

3. Распоред за пишување-Многу важно за овие деца е да определите време кое ќе биде за пишување. Многу важно е пишувањето да не биде нарекувано учење. Инструкците во текот на пишувањето мора да бидаат кратки и едноставни за вашето дете да можи да ги разбере. И најдобро е да вежбате пет дена во неделата по 10 минути.

4. Употреба на асистивна технологија-Друг исто така корисен начин за деца да ги завршат своите домашни задачи е да им дозволите да користат асистивни помагала. На децата со аутизам им е многу полесно да пишуваат со помош на тастатура. Го стимулира нивниот интерес и ги мотивитра да ја завршат задачата.

5. Компјутерски игри-За да им помогнете да го стимулираат својот интерес и да ги направите помалку нервозни, можете да пробате и компјутерски игри како понатамошна мотивација. Видео игрите можаат да ги научи и уметничка и интелектуална креативност што тие секогаш може да ја посвојат во своите списи. Набљудуваниот пристап до интернетот може да помогне во поттикнување на нивните интереси за пишување и читање.

6. Нека уметноста е дел од пишувањето-Кога децата прво ќе започнат да пишуваат, нивните приказни се главно слики. Дозволете им да ја нацртат приказната што сакаат да ја раскажат, а потоа истата приказна да ја напишат.

7. Играта како вештина за пишување– Заборавете ја технологијата. Наместо тоа, играјте игра со зборови за да го зголемите вокабуларот. Или можете да користите предмети од вашиот дом, градина и потоа да го напишете тој збор.

8. Подршка и охрабрување-Додека вашето дете пишува, охрабрувајте го, разговарајте за идеи и начини и секако не бидете критичари пофалбените зборови се секогаш голем мотив за понатамошна едуккација.

Пишувањето може да биде начин на кој децата со аутизам ќе можаат да се изразат повеќе. На многу деца со аутизам обично им е непријатно да зборуваат слободно, затоа пишувањето е добар начин за комуникација. Мотивирањето на вашето дете со аутизам да пишува, ќе им користи во текот на целиот живот.

Но, не заборавајте дека со сила ништо добро не излегува. Така што, ако детето е смирено,задоволно и среќно во хармоничната средина, тогаш е многу полесно да му пристапите и да најдете заеднички компромис со него.

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!