Претседателот на Косово Хашим Тачи, обвинет за воени злосторства

In Балкан

Специјалното обвинителство во Хаг ги обвинува претседателот на Косово Хашим Тачи заедно со уште девет поранешни борци на ОВК за воени злосторства против човештвото. На товар им се ставаат околу 100 убиства, прогон, мачење и киднапирање.

Обвинителството во Хаг ги анализира злосторствата извршени за време на војната на Косово во периодот од 1998-1999 година

 

„Жртви на кривичните дела од обвинението се стотици лица чиј идентитет е познат и меѓу нив се косовски Албанци, Срби и Роми, како и политички противници. Обвинението е резултат на долготрајни истраги и го одразува уверувањето на Обвинителството дека може да ги докаже вон разумен сомнеж сите обвиненија содржани во неа“, соопштува Обвинителството во Хаг.

Од Специјалното Обвинителство велат дека биле принудени да издадат јавно соопштение за обвинението поради „континуираните обиди на Хашим Тачи и Кадри Весели да ја подриваат работата на Специјалниот суд“.

Според наводите на обвинителството во Хаг, Тачи и Весели „спровеле тајна кампања за укинување на законот со кој е основан Специјалниот суд со цел самите да не бидат изведени пред лицето на правдата“.

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!