Постои ли љубов на прв поглед?

In Живот

Секој може да верува во љубов на прв поглед, но и не мора. Сепак, тоа што со сигурност постои е оној единствен момент кога ќе сфатите дека таа личност е посебна. Љубовта на прв поглед не мора нужно да се претвори во врска или воопшто да се создаде некој контакт, туку може да станува збор за еден прекрасен краткотраен момент кој засекогаш ќе го памтите.

Мал број среќници може да го потврдат феноменот познат како љубов на прв поглед. Реалистот во вас мисли дека никако не можете да засакате некого врз основа на неговиот изглед. Меѓутоа, повеќе работи ја играат важната и клучна улога, отколку самиот изглед, како што се на пример харизмата, движењата, погледот и некои други мали работи. Па ако сакате да проверите дали некогаш сте искусиле љубов на прв поглед, прочитајте ги следниве знаци…

 Адреналинот се зголемува

Од некоја причина, адреналинот се зголемува, срцето почнува да чука побрзо и се појавуваат „пеперутки“ во стомакот. Меѓутоа, ако реагирате на овој начин секој пат кога некое симпатично момче ќе ви се насмевне, не значи дека станува збор за голема љубов.

 Нервоза

Ќе станете неверојатно нервозни и не знаете зошто, бидејќи обично луѓето не ве прават нервозни. Овде веднаш можете да забележите дека станува збор за нешто посебно.

 

Чудно чувство дека таа личност веќе ја познавате

Имате чудно чувство дека таа личност веќе ја познавате и уште од првиот момент ви делува како личност на која можете да ѝ се доверите.

Тaa обично не е ваш тип

Тaa обично не е ваш тип, но во овој случај е сосема поинаку.

„Овој пат е поразлично“

Навистина мислите дека „овој пат е поразлично“ и апсолутно сте сигурни дека никогаш досега се немате така почувствувано.

Имате чувство дека тоа е нешто повеќе

Го вложувате сиот труд за да го видите повторно. Длабоко во себе имате чувство дека не смеете да останете на само една средба.

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!