Попова Шапка – заборавен планински рај

In Македонија

Она што некогаш означуваше пример за еден одлично организиран скијачки центар во регионот, сега е заборавено парче рај од преубавата и шармантна Шар планина. Години наназад па и ден денеска голем е бројот на луѓето кои се трудат на било каков начин да го вратат сјајот на Попова Шапка – најголемиот скијачки центар во Македонија, уникатно парче земја кое може да понуди многу потенцијал, а е искористено само трошка од постоечкото. 

Дотраената инфраструктура, несредените улици, кучињата скитници, расфрланото ѓубре и слабата понуда се само дел од проблемите со кои се соочува овој импозантен предел од Шар планина. Од другата страна пак има и со што да се пофали, планинарските спортови се во подем, се повеќе посетители за време на летната сезона, тренажни активности на оние кои решиле да искачуваат поголеми врвови, а тука се Титов врв како највисок врв на Шара, Церипашина, Бакардан и преубавата Лешница.

Последен пат нацијата слушна за инвестициски бум на Попова Шапка во 2012 година кога беа најавувани 30.000.000 евра инвестиција која би го освежила целиот скијачки центар, а би завршила со пронаоѓање на концесионер кој ќе го дигне центарот на вистинското ниво кое го заслужува.

Од фамозната инвестиција Попова Шапка доби ископани скијачки патеки, руинирани природни предели, недовршено вештачко езеро, недовршени ски-лифтови, несредени пешачки зони. Денеска чувствуваме како Попова Шапка дише со помош на апарати, вештачки, онака колку што може да му помогнат своите постојани жители, сопственици на хотели, угостителски објекти и неколку планинарски клубови.

Останува да се надеваме дека некоја наредна власт или институција ќе има поголемо разбирање и чувство за тоа што е потребно за Попова Шапка да го добие соодветниот европски лик и блесне како некогаш од што ќар ќе имаат сите од локални и национални власти до обичниот човек кој всушност е основата на денешното постоење и чување на Попова Шапка.

На крајот големо благодарам на хотелиерите, угостителските објекти планинарските клубови кои од “петни жили” се трудат првенствено да го сочуваат ова мало парче рај, а со тоа и да го унапредат и социјалниот живот но и да ја зачуваат природната оставштина на Шар Планина.

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!