Познат српски актер – потомок на војвода од ВМОРО?

In Забава

Изминатата година  српската, но и руска кинематографија ја одбележа неговото име и презиме. Милош Биковиќ важи за миленик на регионалната публика, но и пример за младите актери кои сакаат да направат нешто од себе и да успеат во светот на глумата.

Во моментов е актуелен со улогата на Петар Мараш во хит серијата „Јужни ветар“, а неодамна се случи и премиерата на филмското остварување „Хотел Београд“ , која што непосредно отварањето на кино салите ќе доживее своја премиера и во Македонија.

Познатиот актер од Србија, шармантниот Милош Биковиќ, беше гостин во „лајв“ на Инстаграм на магазинот Бекстејџ.

Тој откри дека по потекло е од Македонија, односно дека неговиот дедо по татко е од Берово, и дека претходно се презивале Биковски. Презимето го промениле во Биковиќ, поради барањето на Тито – сите оние кои се декларираат како Срби и живеат во Србија да си го променат презимето.

Интересен факт е дека од Берово е и војводата Иван Биковски. Тој е роден во Берово, тогаш во Отоманската империја. Тој се приклучил во ВМОРО и учествувал во „Сабљарската бомболеарна“ (леарна за бомби), основана од Гоце Делчев во 1897 година, како бравар.

По уривањето на леарницата, заедно со Темелко Харамијата од Крецво, Стоица Чорбаџииски од Панчарево, Атанас Сереков и Атанас Ризински од Будинарци, Мире од Прилеп и Георги Телеграфистот од Ќустендил заминале за внатрешноста на Македонија.

Таму, во јули 1897 година, се прудружиле на четата на Васил Чочев и водството го презел Гоце Делчев, по што тие спровеле неколку активности за собирање пари за целите на организацијата.

Умрел во 1932 година.

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!