ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

In Македонија

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите македонски граѓани им го честита  2 Август – Илинден.

Илинден е симбол на македонскиот непокор, на борбата за слобода и правдини. Пред 117 години, револуционери и идеалисти го кренаа Востанието, со чиста мисла и желба за автономија и човечки правдини. Илинден е и инспирација и паметник за македонските генерации, ден кога ги славиме и се присетуваме на голем број на револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.

Денес, гoрдo и хрaбрo чекoриме нaпред, потсетувајќи се на славното минато,  рaзмислувајќи  зa пoдoбрo утре. Како нов Илинденски патоказ денес се бориме за европска и евроатланска интеграција на нашата земја.

Пред нас е и нова борба –  за современа, просперитетна и економски напредна Македонија, во чекор со земјите на НАТО и европските држави. Доколку борбата на нашите предци била создавање на независна македонска држава, нашата борба е да ја зачуваме и да и го трасираме патот кон економски напредок и просперитет, кон ЕУ, каде што природно припаѓаме. Во таа нова, современа битка, ОМ  со новата сила и нова енергија, со стратегија и силен мотив ќе опстојува на  заложбите на Илинден- за слободна, самостојна и економски силна Македонија.

Нека е честит и вековит Илинден!

Нека е Вечно делото на Илинден!

Нека е вечна славата на борците за слободна и независна државност!

Нека е вечна нашата татковина Македонија!

 

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

ВМРО-ДПМНЕ си го нанесе својот најголем пораз

По повод вчерашните избори со свое соопштение излезе и ВМРО-Народна партија каде вели: „ВМРО-Народна партија оценува дека изборите поминале во

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!