Носител на листа од Левица имала кривична пријава за оштетување на куќата на Христо Узунов

In Македонија

Носителот во ИЕ 5 од Левица, Јована Мојсоска во 2016 заработила кривична пријава поради оштетување на спомен Куќата на Христо Узунов во Охрид.

Пријавената, со спреј пишувала недолични пароли на куќата на револуционерот Христо Узунов лоцирана на улицата „Коста Абраш“што претставува македонско културно наследство и културно-историски споменик заштитен со закон од 1950 година.

Чуварот кој го обезбедувал објектот на лице место ја затекнал девојката и веднаш случајот го пријавил.

Президиумот на Левица, за време на Претседателските избои во 2019 одлучи да ја поддржи професорката Гордана Силјановска Давкова како кандидат за претседател на Македонија.

Тие, во нивното соопштение изјавија: „Силјановска ја сметаме за атипичен претседателски кандидат. И покрај нашите несогласувања по одредени прашања, знаеме дека таа е изградена личност со неспорен кредибилитет, која што ефикасно ќе се спротивстави на политиката на коалиционата двојка СДСМ-ДУИ, личност која ќе се води по принципите на правото, правдата и етиката и нема да дозволи компромитација на својот интегритет.

Нашата поддршка за Силјановска да стане првата жена претседател на Републиката е строго персонална, а никако про-вмровска! Дотолку повеќе што повмровски кандидат во случајов е токму Стево Пендаровски кој беше портпарол во првата вмровска влада на Љубчо Георгиевски, а потоа и советник во кабинетот на Борис Трајковски.“

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!