Млади лидери од Македонија, Бугарија и Србија креираат регионални политики

In Балкан

Веќе цела една година млади лидери од сите сфери на општественото делување од Македонија, Бугарија и Србија седнуваат на една маса и креираат младински политики.

Во организација на бугарскиот институт „Политика“ како и партнерските организации од Македонија, Институтот „Охрид“ и Општина Струмица, од Србија „Best Seller“ и Општина Стари Град – Белград преку млади од кои доаѓаат од партиски подмладоци и активни чинители од невладиниот сектор се обидуваат преку споделување на различни весштини и искуства да ги доближат проблемите со кои се соочуваат но и предизвиците со кои се среќаваат, а со тоа и да изнајдат решенија односно политики кои во иднина ќе може да ги искористат во нивниот делокруг на работа.

Првиот модул се реализирал во бугарскиот град Пловдив каде биле удрени темелите на идното работење на оваа регионална група на млади лидери. Вториот модул се одржал во Ниш, а третиот во Охрид, Македонија. Во моментов во Бугарија се одржува последниот модул за кој е предвидено да се заврши со официјално предавање на дипломите за учество и тоа од страна на пратеничката на Европскиот парламент од Бугарија и комесар за економија и општество, Марија Габриел.

За време на третиот модул учесниците остварија и студентска посета на Европскиот парламент и европските институции во Брисел. Таму имаа средби со комесари и европски пратеници каде биле информирани за нивните вообичаени активности како политички чинители но и за настојувањето и поддршката за проширување на ЕУ со земјите од кои доаѓаат учесниците, Македонија и Србија.

На модулите како предавачи се јавуваат звучни имиња од политиката и јавниот живот на овие три држави. Од Македонија низ модулите како предавачи меѓу сите други поминале, дипломатот Андреј Лепавцов, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски како и поранешниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Проф. Д-р Тимчо Муцунски.

На овогодинешниот сет од модули учествуваа млади политичари од партиските подмладоци на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-Народна партија, ДУИ, Обединети за Македонија и ДПА како и млади активисти кои се активни чинители во македонското општество од сите сфери на делување.

Како што и самите велат: „ова е можност да седнеме на иста маса и да ги споделиме нашите проблеми но и да ги споделиме нашите идеи за во иднина, како и да научиме нешто ново преку предавањата кои опфаќаат многу теми, а се клучни за работењето и активното учество во процесите на креирање и одлучување“.

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!