Коронавирусот има повеќе смртни случаи од сезонскиот грип

In Свет

Ако постоеше сомневање дека новиот коронавирус не е само силен грип, новата научна студија го отфрли и тој мит.

Авторите на студијата откриле дека имало речиси 20 пати повеќе смртни случаи неделно од Ковид-19 во САД отколку од грипот во најсмртоносната недела од просечната сезона на грип, пренесува livescience.com.

Бидејќи бил откриен новиот коронавирус на почетокот на јануари, луѓето го споредувале со грипот нагласувајќи дека грипот убива десетици илјади луѓе секоја година само во САД. И, навистина, Центрите за контрола и спречување болести( ЦДЦ) проценуваат дека од октомври 2019 година до април 2020 година 62.000 луѓе починале од грип во Соединетите Амњрикански Држави.

Затоа, во една нова студија истражувачите го разгледале бројот на потврдени смртни случаи од грип неделно и ја споредувале со бројот на потврдени смртни случаи на Ковид-19. Врз основа на смртовниците, се покажа дека во најсмртоносната недела од сезоната на грип во последните години бројот на починати во САД варира од 351 во сезоната 2015/2016 до 1.626 во сезоната 2017/2018 година. Во просек неделно умирале 752 луѓе за време на шпицот на сезоната на грип од 2013 до 2020 година.

За споредба, во неделата што завршува на 21 април и која беше најсмртоносната во САД досега, од пандемијата на Ковид-19 починале 15.455 луѓе. Тоа значи дека бројот на смртни случаи на Ковид-19 во таа недела бил од 10 до 40 пати поголем отколку во текот на најсмртоносната недела во последните седум сезони на грип.

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!