Коронавирусот ги одложува сите спортски настани во Македонија

In Спорт

Kоронавирусот изминативе денови направи многу проблеми во фудбалска Италија, останатите земји од Европа се уште не реагирале, но Македонија може да биде прва која ќе се реши на драстични мерки.

Владата на денешната седница ќе го разгледува предлогот на Министерот за здравство, Венко Филипче кој бара да се забранат сите големи јавни собири и спортски натпревари како превентива од ширење на коронавирусот.

„Предлогот е да се забранат сите јавни собири каде има голема бројка на граѓани, без разлика дали се во затворен или отворен простор. Треба да се откажат сите големи јавни собири и спортски натпревари“ – брифира Филипче.

И додека постои можност сите спортски настани од домашните првенства да бидат одложени, проблематичен е дуелот помеѓу Вардар и Монпелје во ракометната Лига на шампиони. Поради згуснатиот распоред, тешко е да се најде нов термин. Доколку Владата го прифати предлогот, веројатно во „Јане Сандански“ ќе се игра пред празни трибини.

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!