Кежаровски: Туку, реформи кога?

In Став

На овој ден во 2013-та, во 5,15 цасот, режимската полиција упадна во нашиот дом.

Триесетина припадници на специјалната полиција вооружени со автоматски пушки, со пиштоли и бомби, како најозлогласен криминалец со лисици на раце ме извадија од дома.

Никому не му беше гајле дека сето тоа се прави пред сопругата и малолетната ќерка.

Лиле Стефанова, продолжената рака на Фамилијата, протагонистот на случајот што Стејт департментот и ЕУ го прогласија за политички монтиран, побара, а Тања Михајлова прифати, и ме ставија во притвор.

И тоа не било каде, туку во – “Че” …
А, таму… таму видов повеќе од она што можам да сфатам и сфатив повеќе од она што видов.

Подоцна тие… Ница, Босевски, Басевска, Димискова… секој 26-ти или 28-ми во месецот ми го продолжуваа притворот.

Дел од медиумите, не грижејќи се за човековите права и презумцијата на невиност, побрзаа да и честитаат на полицијата за успешниот потфат, дека ете успеале да ја “разбијат” до тогаш, наводно, најопасната криминална организација во Македонија, таканаречената “Романтик група”.

На насловните страници јас на чело на “бандата”.

Со полна уста во затворот ми велеа дека ке ме скршат и ке ме уништат ….
Слугите на режимот: обвинителката Лиле Стефанова, истражната судијка Тања Михајлова и судиите Дијана Груевска Илиевска и Ѓоко Ристов многу се трудеа, ама за жал не успеаа.

Горко чувство на спроведување на селективна правда.

А, селективната правда, каде обвинителството и судот демонстрираат ефикасност на оние кои ке им стапнат на жуљ, додека сторители на убиства и обиди за убиства, и кражби на милиони евра наши, народни, пари, затскриени во “патриотски костуми” остануваат неказнети, е најлош вид на неправда.

Се осмелувам да кажам дека тоа е полошо и од потполно беззаконие, затоа што ја убива вербата во правдата, правдата за која уште старите римјани рекле дека е темел на државата.

Од тој 28 мај во 2013-та не е се исто.

Јас немам право да заборавам што ми се случи … Нема, не можам, а и не смеам. Немам право заради себе, заради сопругата и ќерката, и заради оние луѓе кои ги изгубивме како последица од вандализмот на Фамилијата.

А и заради оние обичните луѓе кои се на страната на правдата.

Ме поразија, да, ама не ме докрајчија! Историјата се состои од порази и победи. Загубив, признавам, ама ја загубив битката но не и војната. Тајната никогаш нема да остане тајна. Кога и да е, и после сто години, таа ќе излезе, ќе се појави.

Туку, реформи кога?

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!