Исмет Рамадани: Јас сум член на Коалицијата „Можеме”

In Македонија

Јас не сум член ниту на СДСМ, ниту на БЕСА, но сум член на Коалицијата „Можеме”, затоа што сум 100 отсто сигурен дека оваа коалиција е со евроатланска ориентација и носи евроатланска перспектива.

Рамадани истакна дека со Договорите со Грција и Бугарија која ги постигна Владата предводена од СДСМ и претседателот Зоран Заев се отворија портите кон НАТО и ЕУ, а тоа влијае на внатрешната стабилност, на унапредување на меѓучовечките и меѓуетнички односи.

„Влезот во НАТО обезбедува стабилност и безбедност. Во овие 70 години ниту една земја членка на НАТО не била нападната. Стабилноста и безбедноста со НАТО ќе ги направи младите многу покреативни, потолерантни и покооперативни. Благодарение на концептот што го предводи претседателот на СДСМ Заев, ние денеска имаме стабилни, хармонични меѓуетнички односи. Ние денеска имаме најдобри добрососедски односи и немаме проблем со ниту една соседна земја. Со храброста која ја покажавме и со Договорите со Грција и Бугарија се отворија портите и ние галопиравме кон НАТО, сега како членка на НАТО галопираме кон ЕУ”, порача Рамадани.

Тој додаде дека за разлика од СДСМ, од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле искрено за НАТО.

„ВМРО-ДПМНЕ никогаш немале намера да одиме кон НАТО, затоа што биле преокупирани да создаваат криминални структури, да ја пљачкаат државата, а ист е случајот и со ДУИ нивниот коалиционен партнер во 10 години владеење, порача Рамадани, повикувајќи граѓаните да гласаат за коалицијата „Можеме”, затоа што како што истакна тој, тоа е победничка коалиција, и секоја друга опција не е добра.

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!