Илиевски: Кога ќе стигне правосилна пресуда за Талир 1 и Талир 2, партијата ВМРО-ДПМНЕ како правен субјект ќе биде ИЗБРИШАНА од Централниот регистар

In Став

Зошто Христијан Мицкоски и ДПМНЕ не сакаат да одат на избори?

Не им е главен проблем што ќе ги изгубат изборите, тоа го знаат и се свесни, дури можат и да прејдат преку тој факт. Но, во моментов на ДПМНЕ рејтингот им се сроза како никогаш до сега, па така СДСМ-БЕСА и другите партии кои ќе влезат во Владата ќе имаат повеќе од 80 мандати!

И, што им е тука проблемот?

Пред распуштање на Собранието се донесе новиот закон за Јавно Обвинителство со кое предметите од СЈО одат во Јавно Обвинителство за висока корупција и продолжуваат процесите.

Овдека, треба да се навратиме и неколку години назад, па така во 2016 година пред да го распуштат Собранието ВМРО ДПМНЕ го сменија законот за Кривична постапка по нивен терк, па така си овозможија постапките против нив да траат до недоглед, без да одат во притвор, да манипулираат со судскиот систем, да им застаруваат делата.
Од ВМРО ДПМНЕ се свесни доколку СДСМ и коалицијата освојат 80 пратеника, на првото нивно изигрување на судскиот систем, ќе се врати стариот закон за кривична постапка и сите ќе завршат во притвор.

И тоа не е се!!!

Нивниот вистински Претседател Никола Груевски може да ги жртвува без око да му трепне, но му е потребна партијата, без која ќе биде само црна дамка во нашата историја! Имено, за што се работи?!?
Во случаите “Талир 1” и “Талир 2” покрај 14-те обвинети, поднесено е и обвинение од страна на Јавното обвинителство и против правниот субјект, политичката партија ВМРО ДПМНЕ за перење пари и на крај како Злосторничко здружување.

Стигнавме до главниот проблем на Никола Груевски и Христијан Мицкоски: кога ќе стигне правосилна пресуда за овие два случаја Талир 1 и Талир 2, партијата ВМРО-ДПМНЕ како правен субјект ќе се ИЗБРИШЕ од Централниот регистар, односно ќе згасне.

Тогаш ќе останат запаметени, не само по однесените милијарди евра надвор од државата, не само по лажниот патриотизам, не само по уништувањето на нашата татковина, туку ќе бидат запаметени и по уништувањето и на нивната партија!!!

Никогаш повеќе режим!!!

ФБ статус на Оливер Илиевски

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!