ЕКР: Ги повикуваме европратениците да одговорат дали Кина е вмешана во извештајот за лажни вести?

In ЕКР

Партијата на Европските конзервативци и реформатори со отворено писмо.

Партијата на Европските конзервативци и реформатори издаде отворено писмо во кое ја повикува Европската комисија да ги испита и да ги објасни наводите дали Кина имала влијание врз неодамнешниот извештај направен за улогата што Кина и Русија ја играле во ширењето на дезинформации за време на кризата со Коронавирусот.

Писмото, напишано од шпанскиот член на Европскиот парламент, Херман Тертш, ги повикува претседателот Урусула Фон дер Лејен и високиот претставник Јосеп Борел да ги објаснат неодамнешните извештаи во „Политико“ и „New York Times“ дали поради вмешување на Кина, таа е тргната од извештајот за лажни вести?

Во писмото се поставуваат четири прашања за Комисијата да одговори:

1. Дали Европската комисија има докази дека кинеската влада шири дезинформации во Европа поврзани со појава на СОВИД-19?Ако е така, какви чекори презеде Европската комисија за алармирање на државите членки и јавноста?

2. Еднаквост: Има ли докази кои укажуваат дека Европската служба за надворешно дејство имала  надворешно влијание за самоцензурирање на извештајот за лажни вести?

3.Без оглед на тоа дали има влијание или не врз наведениот извештај, какви чекори презеде таа за да се спротивстави на странското мешање во процесот на известување?

4. Минатиот четврток (23-ти април) ЕКР одржа вебинар, како дел од нивната програма „Дебати за Европа“ за заканата од Кина во која европратениците Херман Тертш и Ана Фотига ги истакнаа своите стравови од кинеско влијание во Европа со ширењето на лажни вести.

ЕКР се надева дека ова писмо ќе доведе до поширока истрага за влијанието што кинеската комунистичка партија го има во Брисел.

Целосното отворено писмо овде.

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!