Даут Саади Леви од Солун – „Brigandage (казнети предавниците на Делчев)“ објавен во „ournal de Salonique“, број 910, Солун, 1905

In Историја

Опис: Во изданието 910 од весникот на македонските солунски Евреи „Јournal de Salonique“ од 2 јануари 1905 година се наведува убиството на предавниците на Гоце Делчев во селото Баница од страна на бугарската чета на Георги Радев, Бродалија.

 


“Населението на Баница,село кое се наоѓа на 4 часа растојание од Серес, ги открило на една стрмна карпа, труповите на двајца старци и на двајца млади бугари. Тоа ужасно откритие го возбудило малото село.”
“Властите веднаш се информирани и испратиле една судска комисија да истражува. Близу до телата на двајцата старци е најдено писмо, напишано на бугарски јазик, во кое пишува: “Луѓето, кои го предадоа Делчев во 1903 година, веќе платија за крвта на војводата.“


Двајцата старци биле принесени како жртва точно врз гробот на Делчев, а другите двајца биле ликвидирани на местото, на кое бугарскиот војвода паднал од куршумите на (османскиот) одред.


Војските, кои се наоаѓаат околу Баница активно го пребаруваат реонот за да ги откријат авторите на тоа смело злосторство.“

(според извештајот на бугарскиот трговски агент во Сер, д-р Кожурахов, убиените се Марин Георгакиев, Коста Маџиров, Георги М. Орешков и Коста Петров)

За да го прочитате текстот во оригинал, претиснете тука

Извор: Библиотека Струмски

 

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!