ВМРО-ДПМНЕ си го нанесе својот најголем пораз

In Македонија

По повод вчерашните избори со свое соопштение излезе и ВМРО-Народна партија каде вели:

„ВМРО-Народна партија оценува дека изборите поминале во мирна и демократска атмосфера, а со тоа се потврдува и фактот дека Македонија е етаблирана демократија во поглед на изборните процеси.

За жал мораме да констатираме дека и на овие избори се потврди тоа дека изборниот модел е надминат и дека големите партии се непотребно фаворизирани со овој систем, а малите политички партии претрпуваат порази несоодветни на нивните гласачки тела.

ВМРО-Народна партија со жалење констатира дека благодарејќи на изборниот модел кој го фаворизираше ВМРО-ДПМНЕ доживеавме македонскиот етникум да е најмалку застапен досега во историјата на македонските избори.

Исто така ги повикуваме стратезите на ВМРО-ДПМНЕ кои се бореа за овој изборен модел да признаат дека овој пат со ова залагање си го нанесоа својот најголем пораз и веруваме дека после овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе биде најголемиот застапник за „Македонија – една изборна единица“, секако доколку има таму некој кој може да направи едноставна анализа на работите.

Уште еднаш го потсетуваме ВМРО-ДПМНЕ дека патриотизмот не е во паролите и во натписите на маиците туку и во конкретните дела и чекори за кои се залагаме.“

(интегрален текст од соопштението на ВМРО-Народна партија)

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!