Бугарија во црната кампања на ДПМНЕ – Реагираа и од ЕНП

In Македонија

Денес стартуваше и агресивната црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ во која главна на удар се најде политиката на СДСМ кон Бугарија  и „предавството на Гоце Делчев“. Играјќи повторно на картата на патриотизам, во видеото објавено денес „Македонија не заборава“, се пласираат изјавите на Захариева и Каракачанов за македонскиот и бугарскиот јазик како еден ист и за наводното предавство на Зоран Заев на македонската историја, со поента на крајот – Македонијо, исправи се.

На тоа реагираше Андреј Ковачев од Европската Народна Партија. Тој на социјалните медиуми објави:

„И покрај нашите бројни повици, темата добрососедски односи со Бугарија и договорот меѓу двете држави, да не бидеме дел од предизборната кампања во Република Северна Македонија, со голема горчина видов дека е спротивното.

Таканаречената „сестринска партија“ ДПМНЕ реши да ја искористи оваа тема во изборни цели и да всади омраза. Ова е директно кршење на договорот за добрососедството и покажува колку е тежок европскиот пат со ваквото однесување.

Бугарија не се меша во изборните кампањи и ние не поддржуваме никој. Само граѓаните на РСМ имаат право да ги изберат оние на кои им веруваат. Во исто време, не можеме да премолчиме ако повторно се манипулира предметот на историјата и договорот. Ја повикуваме ДПМНЕ, како и сите други партии и концепти, да не ја користат Бугарија и говор на омраза против сè бугарско во идната кампања“.

Видеото покажа на што ќе почива црната пропаганда на опозициската партија која драматично се разликува од позитивната реторика на власта на првиот ден од кампањата.

Инаку, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – „Обнова на Македонија“ е составена од: Титови леви сили, Социјалистичката партија на Македонија, Српска напредна странка, Македонска акција (МААК), Нова либерална партија, Партија на Власите од Македонија, Партија на обединети демократи на Македонија, Роми обединети во Македонија, Работничко земјоделска партија од Македонија, Странка на демократска акција на Македонија, Аднан Арсовски, Аднан Ќахил, Бајрам Берат и Салко Куч.

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!