Американска студија: Експерименталниот лек за короната делува

In Здравје & Убавина

Пациентите кои го добиле експерименталниот лек ремдесивир многу брзо се опоравиле од коронавирусот, а некои биле пуштени од болница по неколку дена, објави порталот СТАТ Њуз, јави Си-ен-ен.

Станува збор за пациенти кои имале сериозни респираторни симптоми и температура и биле дел од експерименталното лечење во болница на универзитетот во Чикаго.

Универзитетот во Чикаго соопшти дека резултатите од експериментот ќе ги објави кога периодот на ваквото лечење ќе заврши и немало дополнителни коментари.

Во светот сè уште не постои одобрена терапија за лечење на ковид-19, но американскиот Национален институт за здравство започнува експериментални терапии со неколку лекови, од кои еден е спомнатиот ремдесивир. Истиот лек бил тестиран во лекувањето на ебола, но не бил успешен. Но, тестирања врз животни покажале дека може да биде корисен во лекувањето на ковид-19, САРС и МЕРС.

СЗО во февруари објави дека ремдесивир има потенцијал за лекување на коронавирусот.

Проблемот во нејзиното експериментално лекување е што не постои контролна група, така што засега нивните резултати нема со што да се споредат и сè уште не може да се утврди дали пациентите навистина биле излечени од овој лек.

Гилеад сајанс, американската компанија која го измислила лекот, го спонзорира неговото тестирање на 2.400 пациенти на 152 локации низ целиот свет меѓу кои има и 1.600 пациенти со умерени симптоми. Компанијата соопшти дека очекуваат резултати од тестирањето до крајот на месецот.

Join Our Newsletter!

Love Daynight? We love to tell you about our new stuff. Subscribe to newsletter!

Ви препорачуваме:

ОМ: Илинден е симбол на македонскиот непокор

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите

Read More...

Љубчо Георгиевски до Сашо Мијалков: Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата

ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на

Read More...

Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин,

Read More...

Mobile Sliding Menu

error: Content is protected !!